(Видео) Парохиите да бидат во служба на посланието на Црквата

(Видео) Парохиите да бидат во служба на посланието на Црквата

Папата Фрањо во молитвената накана за месец септември повика да се молиме за парохиите за да не бидат едноставно канцеларии, туку да бидат во служба на посланието на Црквата.

Парохиите мора да бидат во контакт со домовите, со животите на луѓето, со животот на народот – рече Светиот Отец во пригодната видео-порака и продолжи: Треба да бидат куќи на кои вратата секогаш ќе е отворена за средба со другите. Важно е таа средба да ја следи јасна понуда на верата. Станува збор за тоа, вратата да се отвори за Исус да може да излезе со својата радост на својата порака. Да се молиме нашите парохии да не бидат едноставно канцеларии, туку поттикнати од мисионерскиот дух, да бидат места на пренесување на верата и сведочење на љубовта – рече на крајот Папата.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот