(Видео) Објавена молитвената накана за февруари

(Видео) Објавена молитвената накана за февруари

Молитвената накана на папата Фрањо за месец февруари 2017 гласи: „ Да се молиме за оние кои се во искушение, посебно сиромашните, бегалците и отфрлените од општеството, во нашите заедници да наидат на прифаќање и охрабрување.“

Живееме во градови кои градат облакодери и трговски центри и се остварува голем промет на недвижен имот… но оставаат дел од себе на маргините, на периферијата – предупреди папата Фрањо во видео пораката во која ја објави молитвената накана за месец февруари.

Светиот Отец истакна како резултат на таа ситуација „голем дел од населението е исклучено и отфрлено – без работа, без перспектива, без излез.“ Папата затоа нѐ повикува да не ги напуштиме тие луѓе и на крајот порачува: „Да се молиме за оние кои се во искушение, посебно сиромашните, бегалците и отфрлените од општествoто, во нашите заедници да наидат на прифаќање и охрабрување.“

За македонски превод youtube-Button

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот