Видео конференција по повод една година од посетата на папата Фрањо во Македонија

Видео конференција по повод една година од посетата на папата Фрањо во Македонија

По повод првата годишната од историската Апостолска посета на папата Фрањо на Македонија, Католичката црква во четврток 7 мај 2020 година со почеток во 11.00 часот организира онлајн видео конференција, на која покрај домаќинот монс. д-р Киро Стојанов свое обраќање ќе има Апостолскиот нунциј за Република Македонија, монс. Анселмо Гвидо Пекорари, кардинал Винко Пуљиќ, поранешниот претседател на Македонија г-дин Ѓорге Иванов, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, г-дин Бујар Османи, вицепремиер задолжен за европски прашања г-дин Виктор Димовски, поранешен Државен секретар во МНР,  г-дин Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и други видни личности од земјата и регионот, а ќе бидат воспоставени линкови со Скопје, Сараево, Софија, Белград, Загреб и други градови од земјата и од регионот.

Целта на оваа видео конференција е да се оживеат историските моменти од Апостолската посета на нашата земја. Учесниците ќе имаат можност да ги изнесат своите впечатоци и што беше она што никогаш нема да го заборават, како и што е она што трајно ќе остане запаметено во Црквата и во општеството.

Видео конференцијата може да се следи на Youtube каналот Radio Marija MK.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот