Видео: Еве како полските ракометари се подготвуваат за Европското првенство

Полскиот клуб Виве Турон Киелце објави интересно и импресивно видео на кое се прикажани ракометарите од тој клуб кои играат за полската репрезентација.

На мотивирачкото видео објавено во пресрет на Европското првенство во ракомет кое почнува на 15 јануари во Полска, може да се види полската ракометна легенда Карол Биелецки како моли Бројаница или пак голманот Славомир Смал како се крсти со Бројаница завитканата околу раката. Еден од играчите замотува околу својата рака црвено – бела марама, знак со кој се препознава Армија Крајов, послко движење за отпор за време на Втората светска војна чии припадници после крајот на војната биле затворани или убивани од комунистичкиот режим. Видеото е полно со полски национални симболи и завршува со натписот: Гордост, татковина и – ракомет. Погледнете го.

Битно нет/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот