ВИДЕО: Два милиони верници учествуваа во несекојдневна процесија со Причеста

Меѓународниот евхаристиски конгрес, кој се одржи на Филипините од 24 до 31 јануари 2016 година, на евхаристиската процесија по улиците на градот Себу собра околу два милиони верници. Погледнете ја оваа величествена глетка!

Во историјата на евхаристискиот конгрес неодамна за Радио Ватикан говореше надбискупот Пиеро Марини, претседател на Папскиот одбор за меѓународниот евхаристиски конгрес. Првиот евхаристиски конгрес е одржан во Лилу, во Франција, 1881 година. Тогаш тоа биле конгреси кои ја истакнувале претежно видливоста, односно сакале да ја исткнат присутноста на католикот во центарот како што била онаа во 19 век, со целосната власт против Католичката Црква и потребата христијаните да се покажат. Затоа сето внимани беше фокусирано на евхаристиската процесија, како да се сакаше повторно да се освојат градови. Потоа евхаристиските конгреси , откако Пиј X ја премести возраста за примање на Евхаристија, станаа пригода за илјадници млади кои пристапија на Прва Света причест – рече надбискупот. Во времето на папата Пиј XI се истакнуваа посебно мисинерскиот аспект затоа што евхаристиските конгреси излегоа надвор од Европа и почнаа да се одржуват во Америка и други континенти.

Осврнувајќи се на темата на конгресот, надбискупот Марини исткна дека темата за надежта е централна тема на тој евхаристиски конгрес кој се одржува на континетот каде живеат повеќе млади и каде надежта е неопходен фактор за гледање во иднината. Католиците на Филипините се околу 100 милиони, односно околу 80% од вкупното население – напомена надбискуот и додаде дека поради тоа Филипините за нас, католиците, се на некој начин почеток за евангелизација во Азија.

Битно нет/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот