Верници од Струмица, Нова Маала и Чанаклија се поклонија пред моштите на Мајка Тереза

Во петок, 5 февруари 2015, година во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје, родната парохија на блажена Мајка Тереза, со свечена евхаристија е прославен „Заветниот ден на блажена Мајка Тереза – секој петти во месецот“. Светата Литургија ја предводеше Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. Киро Стојанов, во концелебрација дон Давор Топиќ, монс. Антун Циримотиќ, о. Марјан Ристов, о. Спасо Спасов, о. Гоце Костов и о. Томаш Бак. Бискупот Стојанов ги поздрави сите присутни, а посебно поклониците од парохиите „Успение на Пресвета Богородица“ – Нова Маала, „Свети Иван Крстител“ – Струмица, како и од филијалата „Свети великомаченик Георги“ – Чанаклија, а дон Давор Топиќ поздравувајќи ги присутните ги воведе во славењето.

Пригодна проповед упати о. Спасо Спасов, кој рече: „ Како што Авраам никогаш не го прашал Бога, зошто сега треба така да постапува, навидум делува незаинтересирано – така и Мајка Тереза секогаш нејзините очи гледале да ги усогласи со Божјите очи, нејзиниот разум со Божјиот разум, својата релативно слободна волја со Божјата апсолутно слободна волја. Еве и ние би требало така да соработуваме во верата за да ја подготвуваме својата иднина и спасение. Всушност на таков начин и расте нашата вера, оплеменета со добри дела, или со дела на милосрдието, како ќе треба да продолжиме во оваа јубилејна година на милосрдието.“

После светата Литургија следеше обожавање на Светото Причастие при што се молеше застапништво на Мајка Тереза за дар на верата и здравје на душата и телото.

После обожовањето, следеше поклонение пред моштите на блажена Мајка Тереза каде верниците има прилика да ги целуваат моштите.

За време на светата Литургија пееше парохискиот бенд Агапе под водство на парохискиот викар дон Јошт Мезег.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот