Верници од Гостивар на Миса во Скопје

На 20 април 2014 година во неделата на Воскресението Христово, главното Евхаристиско славење во скопската катедрала Пресвето Срце Исусово го предводеше скопскиот парох, дон Давор Топиќ.

За време на Мисата покрај големиот број верници од парохијата, на светата Миса присуствуваа и триесетина верници од Гостивар. Децата од Гостивар кои дојдоа со нивните родители со голема радост министрираа за време на Мисата. За сите нив тоа беше голем радосен момент, бидејќи прв пат имаа можност да служат на олтарот.

Воскресната порака на Скопскиот бискуп, ја прочита богословот Емануел Матес. За целата заедница голем впечаток оставија децата, кои околу олтарот направија венец, држејќи се за раце, при што молеа Оче наш.

За светата Миса пееше Катедралниот хор под водство на с. Татјана Атанасова

(д.т)

Категорија: Македонија

За авторот