Велики Четврток

Велики Четврток

Христос – Свештеник ја основа светата тајна на љубовта

Основањето на светата Евхаристија како спомен чин на „новиот и вечен завет“ сигурно е од повеќе очигледен аспектот на денешното литургиско славење која згора на тоа ја оправдува свеченоста токму со „историскиот“ и симболичен повик од настанот кој бил извршен на последната вечера. Самиот римски мисал нѐ повикува да размислуваме на другите два аспекта од таинството на овој ден: основањето на свештенството во служба како и братското служење преку добротворна љубов. Свештенството и добротворната љубов, всушност се тесно поврзани со Светата Тајна на Евхаристија, бидејќи тие создаваат братско заедништво и го покажуваат патот на Црквата во самодарувањето и во служењето.

Исус им ги мие нозете на своите: тоа е знак на љубовта

Значајно е тоа што Евангелистот Иван, размислувајќи за последните Исусови часови со своите ученици и пишувајќи го „разговорот за последната вечера“ основната тема од своето евангелие, не се однесува на ритуалните гестови околу лебот и виното како што е кај останатите евангелисти (…). Иван го привлекува вниманието со Исусовиот гест кој им ги мие нозете на своите и им остава, како завет од збор и пример, да го праваат и тие тоа помеѓу браќата. Не им наредува да го повторуваат како еден ритуал, туку да го праваат токму како него, т.е. во секое време и во секоја заедница взаемно да ги повторуваат гестовите преку кои се чувствува присутноста на Христовата љубов за своите («ги сакаше сѐ до крајот»). Секој гест на љубовта на тој начин станува „Света Тајна“, т.е. видливост, инкарнација, симболичн јазик од единствената реалност: љубовта на Отецот во Христос, љубовта во Христос на верниците.

Исус се дава самиот себе како храна: тоа е Светата Тајна на љубовта

Велики Четврток, со повторувањето на „годишнината“ од настанот од последната вечера, во центар на еклезијалното сеќавање го става знакот на бесплатната, целосна и дефинитивна љубов: Исус е пасхлното Јагне кое го завршува планот за ослободување започнат уште од ослободувањето на Израилот од Египетското ропство; своето самодарување во смртта е почеток на едно ново и вечно присуство; «неговото тело за нас жртвувано е нашата храна и ни дава сила, неговата крв за нас пролиена е питие кое не ослободува од секој грев». Реалното присуство на мртвиот и воскреснат Господ во лебот и во виното врз кои се изговара чин на благодарноста, се протега, макар и на друг начин, во личноста на браќата, особено во најсиромашните (сп. 1Кор 11). «Во оваа голема тајна ти (Оче) нахрани ги и посвети ги твоите верни, бидејќи само една вера просветлува и само една добротворна љубов го соединува човештвото распространето низ целата земја». Кој прави дискриминации, кој ги омаловажува другите, кој одржува поделби во заедницата «не го препознава телото на Господа». Неговата не е повеќе една Вечера со Господ, туку еден празен ритуал кој го одбележува своето осудување.

Свештенството се раѓа од Евхаристијата: тоа е дар за единството

Во една заедница, меѓусебните односи се оценуваат во служењето, а не во власта, и го наоѓаат нивниот најсовршена израз во моментот на чинот на евхаристијата. Кој „претседава“ со заедницата и е одговорен за неа, претседава со Евхаристијата: ја собира заедницата во заедничка молитва, како што ја соединува во различните активности на зборот и на взаемната  помош.

Вториот Ватикански Собор вели: «Презвитерите… на слика Христова, големиот и вечен Првосвештеник, посветени се да го проповедаат евангелието, како пастири да ги водат верниците и да го слават божествениот култ, како вистински свештеници од Новиот Завет… Извршувајќи ја, според нивниот дел на овластување, институцијата на Христос Пастир и Глава, да го соберат семејството Божјо, кое заедно со браќата вдахнати од еден дух, и преку Христос во Духот да го донесат кај Отецот… » (LG 28). «Крајното значење на Христовото свештенство и на секое свештенство кое потекнува од Него, е она да се биде модел за сите оние кои жртвувајќи се во него, со него и за него како жртва угодна на Бога, да го ставаат сопствениот живот во служба на браќата… Христос и неговото таинство живее и опстојува во Црквата; Црквата не прави ништо друго освен што го одржува актуелно ова таинство на спасението преку Словото, Жртвата, Светите Тајни, додека во себе ја добива силата на Светиот Дух, животот од својот Господ за да сведочи во светот… Од оваа светотаинска природа на Црквата… доаѓа и суштинското значење на осветувањето – мисијата на оние кои се повикани да го проповедаат Евангелието, да претседаваат чиновите на обредоте и да ја вршаат улогата како водичи на Божјиот народ». (Од „Хиротонијата, свештеничко ракополагање и ѓаконско

Категорија: Вера, Проповеди

За авторот