Велики пост: Откривај ја љубовта

Велики пост: Откривај ја љубовта

Духот го одведува Исуса во пустината. Кога се чувствуваш осамено и во потреба, а нема никој кој би можел да ти помогне и ништо не оди како што треба, животот е како пустината. Можеби ќе бидеш во искушение да се откажеш. Токму во таквите моменти да се верува е најтешко. Потребна е храброст за да се верува дека Бог те сака. Можеш ли да се молиш со Исус за да веруваш во Божјата љубов, неговата грижа за тебе, во пустината на твојот живот?

Парохија Свети Петар Запрешиќ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот