Велики Понеделник

Велики Понеделник

Вака отприлика според Евангелијата изгледал понеделник во Страсната седмица во времето на Исус

Важно е најпрво да се знае дека Исус наутро доаѓал во Ерусалим од Витанија. Тој најверојатно преноќува кај Лазар, кого што го воскресна, чиј сестри биле Марта и Марија. Во Ерусалим останувал до вечерта кога излегувал од градот, за да го избегне ненадејното присилно фаќање, затоа што чекал да дојде времето сам доброволно да се предаде на смрт.

Тој понеделник, откако станал, се упатува од Витанија, мало село во близина на Маслиновата гора, околу 3 километри од Ерусалим на патот за Ерихон, со своите ученици и оди во Ерусалим, каде постојано бил во расправија со фарисеите, првосвештениците и книжниците.

Откако тоа утро огладнел по пат, посакал нешто да касне, па здогледувајќи ја оддалеку смоквата, се приближил до неа, но на неа не најдел ниту една смоква.

Тогаш ја проколнал смоквата, а откако ќе дојде во градот нешто поксано, ќе ги истера трговците од храмот, а во предвечерието повторно се упатува за Витанија, каде што ќе преноќи.

Кога пристигнал во градот, Исус веднаш оди во храмот каде секојдневно поучувал, но затекнува призор кој многу ќе го разлути.

Влегува во храмот и го чисти од трговците и препродавачите. Оваа ситуација за Исус е неподнослива, домот на неговиот Отец ја направиле разбојничка пештера.

Касно вечерта, кога ќе дојдат во Витанија, евангелието според Иван 12,1-11 ни ги опишува настанот за Марија, сестрата на Марта и Лазар, како Марија со скапоцено миро ќе ги помаза нозете на Исус, а Јуда ќе се спротивстави на тоа.

ОСЗД/ФБ

Категорија: Вера, Духовност

За авторот