Велики Вторник

Велики Вторник

Вака отприлика според Евангелијата изгледал вторник во Страсната седмица во времето на Исус

Откако преноќи во Витанија, повторно се враќа во Ерусалим, каде е во расправија со фарисеите, книжниците и садукеите.

Ги замолкнува со параболата за двајцата синови, кои таткото ги праќа да работат во лозјето, со параболата за убијците, за свадбената гозба, а го одржува и својот говор за последните случувања и за сеопштиот суд, а го најавува и предавството на Јуда.

Во Евангелието според Иван посебно впечаток останува една реченица во која се вели: А беше ноќ…“ и „Јуда замина  во ноќта…“

Веднаш се раѓаат мисли, имено кога човек се одлучува за зло, во неговото срце доминира ноќта, надворешната ноќ е само споредба со внатрешната ноќ.

Бог е светло, а Исус е светло на светот и да се биде со него значи да се оди во светлина. Да се остави, да се напушти Исус значи да се изгаси светлото, него да се предаде значи да се навлезе во најдлабоката темнина, тоа всушност го направи Јуда.

Во него се изгаснале сите светла, светлото на вера (кое многу долго се гаснеше), светлото на надеж и најсветото, светло, светлото на љубовта.

Не можам да си замислам како ли тој во таа темнина се чувствувал, оној кој што беше привилегиран да прима долго време од светлото кое му го даваше Христос.

А ние, зарем кај нас, во нашите срце често не се појавува тој ист Јуда?

ОСЗД/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот