Велика Британија: Со Деветница против евтаназијата

Велика Британија: Со Деветница против евтаназијата

Епископите од Англија и Велс ги повикаа верниците на деветдневна молитва по застапништво на свети Иван Павле II за да се отфрли предлог законот со кој се ублажува забраната за активна помош при умирање.

Активната помош при умирање е забранета во Велика Британија, но овие денови во Горниот дом на британскиот парламент се расправа за предлог законот со кој би им се дозволувала на тешко болните кои се ментално здрави и ќе живеат најмногу уште шест месеци, со согласност на двајца лекари и судија.

Епископите ги повикаа верниците на Деветница од четврток 14 октомври во пресрет на читањето на нацрт законот во Домот на лордовите  кое започнува на 22 октомври и во првата од петте етапи ќе се расправа за општите темели на предлогот. Ќе се моли да се зачува бескрајната вредност на секој човек преку соодветна инвестиција во палијативна грижа.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот