Велигден во Петралинци

По повод Христовото Воскресение во парохиската црква „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци се служеше Воскресна Литургија, на која присуствуваа голем број верници од парохијата. Воскресната Литургија ја предводеше парохот о. Ѓорги Појразов, кој во проповедта се осврна за значењето на Христовото Воскресение.

На празникот Воскресение Христово предходеше духовна подготовка со исповед. На крајот од Литургија беа благословени велигденските јајца кои децата од парохијата во деновите пред празникот ги бојадисаа.

о.Ѓ.П.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот