Велигден во Нова Маала и Чанаклија

Велигден во Нова Маала и Чанаклија

Најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение – со Света божествена Литургија беше прославен во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала и филијалата „Свeти Великомаченик Георги“ во Чанаклија на која присуствуваа мношто верници предводени од нивниот парох о. Спасо Ристов и капеланот о. Ванчо Назов.

Верниците за време на страсната недела, најпрво преку светата Исповед, помирувајќи се со Бога и учествувајќи на Велики Четврток и Велики Петок, слушајќи ги Евангелијата за страданието Господово, следејќи го Крсниот пат на Исуса, сѐ до положувањето Господово во гробот, се подготвуваа за најголемиот празник во годината кој темелно влева радост во нашите срца, за да на крај конечно го прослават – Воскресението Христово.

На првиот ден од Велигден, во црковниот двор на парохијата во Нова Маала, младите приредија претстава на тема „Исусовиот живот“ преку која на верниците симболично им претставија дека после бурата на животот и страданијата Христови следува Воскресението Господово кое му носи спасение на целото човештво.

З.А.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот