Ватикан продолжува со помошта за бездомниците

Минатата година Ватикан најави дека на плоштадот Свети Петар ќе направи објект со тушеви за бездомниците. Бискупот Конрад Крајевски за католичкиот неделник Авенире изјави дека исто така на тие лица ќе им биде понудено и потстрижување и бричење, а се планира услугите да започнат да ги даваат од 16 февруари 2015 година.

Крајевски, чија што службена титуле е папски делител на мислостиња, рече дека берберите и фризерите ќе волонтираат во понеделник, ден кога во Италија по традиција се затворени берберските и фризерските салони.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот