Ватикан: Прогласени нови декрети за херојски крепости

Ватикан: Прогласени нови декрети за херојски крепости

На 17 март папата Фрањо во аудиенција го прими префектот на Конгрегацијата за прогласување светци, кардиналот Марсело Семераро во текот на која даде одобрение на Конгрегацијата да прогласи нови декрети за херојските крепости за седум слуги и служителки Божји, објави во четвртокот на 18 март Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Слуги Божји на кои им се признати херојски крепости се: надбискупот Монреале Меркурио Марјиа Тереси, потоа шпанските бискупски свештеници Космо Муноз Перес и Салваторе Валера Пара и монахот свештеник од Редот на малите браќа конвентуалци Леон Веуте (световно име Клодове).

Херојски крепости им се признаени и на служителките Божји монахињите од дружбата на Сестрите на сираците Анелвири Осоли (световно име Целесте Марија), Витароси Зорзи (световно име Марија Роса) и Даниелангели Сорти (световно име Ана Марија).

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот