Ватикан: Претставена нова мобилна апликација

Претседателот на Папскиот совет за општествени комуникации, архиепископот Клаудио Чели заедно со координаторот на проектот Тадеус Јонес на 7 јули 2014 година ја претстави на папата Фрањо новата мобилна апликација PopeApp 2.0. Апликацијата е достапна на пет јазици и може да се инсталира бесплатно, а ги содржи најновите вести за Папата и информации од ватиканските медиуми.

Новиот дизајн го олеснува пристапот до содржината и според зборовите на архиепископот Чели на корисниците им помага да бидат поблиску до Папата, неговата служба и неговата порака за љубовта Божја.

Како што пренесува англиската програма на Радио Ватикан, Папата ја пофали работата на ватиканските медиумски сервиси и ја охрабри нивната присутност и учество во дигиталниот свет.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот