Ватикан: Нови именувања во Комисијата за Латинска Америка

Ватикан: Нови именувања во Комисијата за Латинска Америка

На 26 јули, папата Фрањо го именува филозофот Родриго Гуера Лопез за секретар на Комисијата за Латинска Америка и Емилче Куда за раководител на канцеларијата на комисијата.

Мексиканецот Гуера (55), е член на Папската академија за живот и Папската академија за општествени науки. Аргентинката Куда (55) е доцент на Папскиот католички универзитет во Аргентина и на Универзитетот Свети Тома во САД.

Комисијата за Латинска Америка е основана од папата Пиј XII. (1939-1958). Се занимава со посебните прашања на локалните Цркви во тој регион. Претседателот на комисијата е префект на Конгрегацијата за бискупи, од 2010 година тоа е канадскиот кардинал Марк Оелет.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот