Ватикан: Кардиналите од целиот свет со Папата размислуваат за „Praedicate Evangelium“

Ватикан: Кардиналите од целиот свет со Папата размислуваат за „Praedicate Evangelium“

На 29 и 30 август – зад затворени врати во новата сала за синода, кардиналите од целиот свет се собрани за да ги продлабочат аспектите на новата Апостолска конституција „Preaedicate Evangelium“ која стапи на сила на 5 јуни.

На состанокот учествуваат нешто помалку од 200 кардинали, од вкупно 226 членови на Кардиналскиот колегиум. Станува збор за еден од поголемите состаноци на Светиот Отец со Кардиналскиот колегиум. Во речиси десет години понтификат на Хорхе Мариа Берголио не е одржана таква средба, а такво широко учествување имаше пред осум години кога Папата свика двојна Синода за семејството (2014 -15), повикувајќи околу 180 епископи и кардинали. (…)

Светиот Отец состанокот го најави на молитвата Ангел Господов на 29 мај кога го најави и именувањето на новите кардинали.

Новости и упатства од Praedicate Evangelium

Документот е објавен на 19 март на празникот свети Јосиф, а стапи на сила на 5 јуни, на празникот Духови.

Текстот содржи и систематизира многу реформи кои Папата веќе ги спроведе во последните години, а кои ги проучуваше и формулираше Советот на кардиналите, кои папата Фрањо го воспостави на почетокот на својот понтификат.

Конституцијата исто така воведува некои новости, започнувајќи од обединувањето и промената на називот на разни дикастерии. Пред сѐ, меѓутоа „Praedicate Evangelium“ – како што самото име кажува – дава на Римската курија повеќе мисионерска структура за таа се повеќе да биде во служба на локалните Цркви и евангелизацијата.

Токму тој е еден од главните аспекти на апостолската конституција, клуч за читање на реформите, но и глобална насока на Црквата во ова време. Иако е насочен на промена на структурите на Дикастериите и канцелариите, „Praedicate Evangelium“ ги „проширува“ границите на Куријата создавајќи директна врска со Епископските конференции и разните бискупии на петте континенти.

Мост помеѓу Куријата и бискупијата

Со новата конституција сега постои простор за слушање и дијалог помеѓу Куријата и локалните Цркви, истакна новиот кардинал Леонардо Стеинер надбискуп на Манаус во бразилска Амазонија, за Ватикан њуз на конференцијата во Канцеларијата за печат на Светиот Престол неколку часа пред конзисториумот. „Сега повеќе не доаѓаме во Рим за да кажеме што сме направиле, сега доаѓаме да учиме, но Куријата знае да учи и на поинаков начин. Подобро се гледа кој е во служба на Светиот Отец, во служба на епископот, а тоа е надежта за да бидеме повеќе братска Црква во која се слуша културната разноликост, каде културната разноликост се живее и претпоставува“, рече кардинал Стаинер.

Црква на ходочастие

Има многу прашања за кои треба да се размислува, истакна новиот кардинал Артур Роше, префект на Дикастеријата за богослужба и дисциплина на светите Тајни: соработката помеѓу Куријата и бискупијата, присуството на лаиците во одговорни улоги, „мисионерскиот дух“ и „преобраќањето на Црквата.“ Конкретно, последните два „се многу важни елементи“, рече англскиот кардинал. ‘Praedicate Evangelium’ не е само нешто за реформа во Куријата, тоа е исто така за односите помеѓу сите епископски конференции и Светиот Престол. Посланието и преобраќањето ги вклучува речиси сите во синодалниот процес. Можеме да кажеме дека сме Црква на ходочастие.“

Да се продлабочат познанствата

Средбата исто така ќе биде начин кардиналите – од кои некои доаѓаат од многу одалечени места – кои го сочинуваат Кардиналскиот колегиум да можат да ги продлабочат своите познанства.

Универзалната визија која отсекогаш го карактеризира изборот на папата Фрањо за конзисториум, воведувајќи земји кои никогаш во својата историја не виделе кардинали (од Тонга до Брунеи, од Монголија до Хаити, од Бангладеш до Лаос до Лесото), видлив е фактот дека Колегиумот сега е составен од „одалечени“ членови, како заради културното потекло и пасторалните чувствителности, така и заради географската положба која го отежнува честото посетување и присуствување на состаноците во Рим. (…)

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот