Ватиканскиот портпарол за настапите на Папата во Боливија

Во интервју за средбата со народните движења, отец Ломбарди рече дека Папата се соочил со општествени проблеми од денешниот глобализиран свет, укажувајќи дека има потреба за промена.

Анализата за состојбата на денешниот свет покажува колку неправди и страдања постојат во општеството, како и во однос кон природата и животната средина.

Папата се обрати до народните движења како реални кои се залагаат и живеат во крајна сиромаштија, повикувајќи ги тие самите да бидат креативни протагонисти и да се ангажираат за оваа промена за чија потреба постои. И овде го гледаме карактеристичниот поглед на папата Фрањо кој вели да се оди на периферијата и од таму да се обрне малку внимание, не само заради тоа што од таму би можело да се оцени состојбата на денешниот свет кој е некреативен, кој што доведува до нееднаквост, туку заради тоа што и од таму може да се започне движење способно за предлог – можеби на креативен начин – на алтернативни решенија кои од центарот на системот кој е поврзан и втемелен на економијата и финансиската моќ, не е можно да се види ниту да се се замисли – рече отец Ломбарди.

На забелешката дека некој ја олеснил можноста за политичката инструментализација за учеството на Папата на средбите со народните движења отец Ломбарди рече дека денес секој се обидува водата да ја сврти кон својот млин; работите да ги види од своја гледна точка и да ги протолкува на начин кој му оди во полза на неговата позиција или интереси. Сепак Папата не се осмели да зборува со голема слобода и одлучност. Прилично е очигледно, всушност, можат подоцна да бидат инструментализирани..

На прашањето за завршниот документ на оваа светска средба на народните движења, кој се наоѓа кај папата Фрањо и што тој ќе стори со него, отец Ломбарди одговори дека тоа сепак зависи од него. Сигурно, овие движења го подготвија и му го предале мислејќи исто така и на големите средби – особено на онаа со Обединетите Нации, бидејќи барале и размислувале за проблемите на развојот на денешната ситуација и очигледно Папата таму за тоа ќе зборува. Не знам како, нити од кој аспект или со каква индикција, но на ум ќе ги има проблемите и предизвиците на денешниот свет како и сето останато, веќе нагласено во енцикликата „Лаудато си“.

На заинтересираноста на новинарите за значајниот чекор на Папата во поглед на барањето прошка за гревовите на Црквата против домородните народи во времето на освојувањето, отец Ломбарди рече дека тоа секогаш е многу тешка тема за продлабочување, било од историски аспект, било од аспект на разликување на вистинските и конкретни обврски на поединците, заедницата или државата.

Без да навлегуваме во премногу рафинираните детали, Папата сакаше да признае на најјасен начин – на кој го правеле и неговите претходници – дека имало грешки – и тоа тешки – како и криминали и конфликти со народите кои живееле на двата Американски континента и дека – доколку се сака повторно да се изгради општеството со потполно почитување на различните култури, на нивното достоинство и достоинството на доморотските народи – конечно треба тоа да се признаат – рече директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот