Бројот на католици во светот е зголемен

Бројот на католици во светот е зголемен

Ватиканскиот дневник Осерваторе Романо изминатите денови објави статистички податоци за Католичката Црква во светот во периодот од 2010 до 2017 година

Ватиканскиот дневник Осерваторе Романо изминатите денови објави статистички податоци за Католичката Црква во светот во периодот од 2010 до 2017 година. Бројот на католици во тоа време е зголемет за 9,8%, односно од околу 1,196 милијарди во 2010 година на повеќе од 1,3 милијарди во 2017 година. Речиси половина од вкупниот број на католици се наоѓаат на американскиот континент, додека пак во Азија ги има нешто повеќе од 11%, во Европа 21,8%, во Африка 17%, а во Океанија, 0,8%.

На крајот на 2017 година вкупно во светот, имаше повеќе од четири и пол милиони пасторални работници, помеѓу кои се епископи, свештеници, постојани ѓакони, монаси, монахињи, членови на световни институти, лаици мисионери и катехисти. Се бележи пад на нивниот број помал од 2% во споредба со 2010 година. Во светски рамки, во последните три години, се забележува пад на бројот на свештеници, додека во Африка во набљудуваниот периодот нивниот број постојано се зголемувал и на крајот на 2017 година беше речиси 24% поголем во однос на 2010 година. Во Северна Америка, Европа, Блискиот Исток и Океанија се забележува намалување на бројот на свештениците, додека во Централна и Јужна Америка како и Југоисточна Азија, нивниот број се зголемува. Бројот на монаси кои не се свештеници во набљудуваниот период се намалил за 5,7%, а бројот на монахињи за нешто повеќе од 10%. Африка и Азија се единствените континенти во кои е забележан пораст на овие две групи.

Бројот на членови на световни институти (машки и женски) покажува општ тренд на опаѓање во светот. Во 2010 година имено ги имало 26.800, а до 2017 година тој број паднал на 22.642. Од друга страна, бројот на мисионери лаици порасна за 6.1% и на крајот на 2017 година во светот ги имало 355.800. Што се однесува до новите свештенички звања, во светот, од 2010 до 2017 година забележан е пад за 3,1%, но со многу изразени географски разлики. Имено, во Африка и Азија има зголемување на бројот на нови свештенички звања, а во Европа и на американскиот континент, забележан е нивниот пад за 16% односно 13,5%.

Најпосле, катехистите јасочинуваат најбројната група на пасторални работници во светот, со повеќе од 3,1 милиони на крајот од 2017 година. Во Азија и Африка нивниот број е во пораст, додека Европа и американскиот континент покажуваат благ пад. Како и мисионери лаици, таа група на пасторални работници, исто така e релативно високо застапена во Северна и Јужна Америка, каде што на крајот на 2017 година ги имаше речеси 1,8 милиони, што е нешто помалку од 57% од нивниот вкупен број во светот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот