Брифинг за синодата: Благодарност на Папата за донесувањето на народите на Амазонија „тука“

Брифинг за синодата: Благодарност на Папата за донесувањето на народите на Амазонија „тука“

Првиот брифинг за Синодота се одржа во присуство на епископот Давид Мартинeз Де Агуире Гвинеја, апостолскиот викар Пуерто Малдонадо, монсињор Емануел Лафон, епископот на Кајен, сестрата Алба Тереза СКедиел Кастило, Паоло Руфини, Префект на Дикастеријата за комуникација и отец Џакомо Коста секретар на Комисијата за информации. Брифингот го водеше Кристијан Мареј, заменик директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Папата Фрањо сакаше да ги донесе народите на Амазонија во центарот на Црквата – рече вчера епископот Давид Мартинес Де Агуире Гвинеја, апостолскиот викар на Пуерто Малдонадо во Перу и еден од специјалните секретари на синодата, изразувајќи ги чувствата на различните говорници на првиот брифинг за Епископската синода за Амазонија. Тој изрази особена благодарност и радост што Папата успеа да ја донесе Амазонија „овде“ и истакна дека мора да ги направиме овие нации видливи, затоа што тие имаат многу да кажат за целата планета.

Кон таа благодарност се приклучи и сестрата Алба Тереза, Кедиел Кастило, на сестрите Мисионерки на Марија Безгрешна и Света Катерина Сиенска кои делуваат во Колумбија, за можноста да ги слушаат домородните народи на таа синода. Таа се осврна на раните на амазонските народи. Таа го поминала својот живот меѓу домородците, како и основачката на нејзината конгрегација, Света Лаура Монтоја, која исто така основала мисија во џунглата меѓу домородците.

Како жена, сестрата Алба Тереза е добро запозната со страдањата на жените во контекст на герилското војување и трговијата со дрога, но и за важноста на нивното присуство. Таа конкретно рече дека сестрите мисионерки во Амазонија, заради недостаток на свештеници, крштеваат, сведоци се на парови кои сакаат да стапат во брак, честопати слушаат исповеди, особено луѓе што умираат, иако не можат да дадат отпуст, и додаде дека жените во Амазонија имаат клучна улога и се надеваме дека Црквата сè повеќе ќе ја препознава.

Тагата поради раните кои се преживуваат во Амазонија, исто така, потекнува и од говорот на епископот на Кајен, во француска Гвајана, монсињор Емануел Лафонт, кој работи во Амазонија од 2004 година. Тој се осврна на посебната состојба во Суринам, истакнувајќи дека многумина се чувствуваат напуштени од државата, нивните права не се почитуваат, младите ги напуштаат своите родители, а со тоа нема ширење на традиционалната култура.

Раководителот на Дикастеријата за комуникација, Паоло Руфини, истакна дека „Instrumentum laboris“ е во процес, како што рече папата Фрањо, да стане „маченички документ“, бидејќи треба да се уништи во смисла дека служи само како почетна точка кон тоа што ќе направи Светиот Дух. Во однос на барањето свештеничката служба да им се довери на таканаречените „проверени сопрузи“, оженети мажи од месната заедница, поради големата област и недостигот на свештеници, што резултираше од воведното обраќање на кардиналот Клаудиј Хумес, кој зборуваше во име на католичките заедници во Амазонија, ова не е единствената опција – објасни Руфини, истакнувајќи: Не се вели дека тоа е решение, но дека би било погрешно да не се слушне молбата на католичката заедница во Амазонија.

Во врска со ова, отец Џакомо Коста, секретар на Комисијата за информации, на кој раководителот Руфини е претседател, истакна дека не треба да се плаши да се соочи со предизвиците со кои се соочуваат синодските оци, бидејќи целата синода тогаш заедно би се соочувала со овие прашања.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот