Британските епископи за новиот закон за борба против екстремизмот

Новиот предлог закон на владата на Камерон за борбата против екстремизмот треба да биде „изгласан по непосредно и внимателно разгледување“. Така епископите на Велика Британија и Велс ја коментираа намерата на британската влада да ги претстави построгите норми за борба против исламскиот тероризам и екстремизам.

 Нацртот на законот на британската влада беше обелоденет претходно од кралицата Елизабета за време на нејзиниот говор во Вестминстер. Веднаш по говорот на кралицата, епископската конференција објави изјава во која наведува дека се од суштинска важност за мерките кои ќе се преземат за заштита на јавната безбедност е да не ја ограничат ненамерно слободата на говорот или да ги изолираат заедниците. Најдобар начин за борба против екстремистичките погледи е оној кој поминува низ промоција на ефективна интеграција.

Во говорот, британската кралица ја најави и реформата на владата на Камерон за затворите во земјата, која има за цел да понуди една „втора можност“ за извршените злосторства, давајќи поголема автономија на затворите за промовирање на иновативни програми за реинтеграција во општеството. Според монс. Ричард Мот, одговорно лице за затворите при епископската конференција на Островот, „станува збор за несекојдневна можност, бидејќи само ако им помагаме на луѓето да го променат својот живот, можеме да изградиме едно посигурно и цивилизирано општество. Црквата има големо искуство во тоа и може да даде свој придонес. Нашите капелани работат во сите затвори и често се на првата линија во поддршката на затворениците при нивната реинтеграција“.

РВ­/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот