Брачен пар го остави комотниот живот во Канада и се врати во Романија да се бори против абортус

Култура на животот. Оваа позната синтагма на свети Иван Павле II им стана животно мото на Дан и Јулија Kалинеску, брачен пар што одлучи да ја напушти удобноста на животот во Канада со цел да се посвети во изградбата на културата на живот во родната Романија, една од земјитесо највисока стапка на абортуси во Европа.

„Почувствувавме повик да се вратиме во Романија и да се вклучиме во изградбата на културата на живот“, велат сопружниците Калинеску, кои уште како деца со своите родители ја напуштиле Романија и се населиле во Торонто. Сепак, љубовта кон животот „ги натера“ да се вратат во татковината и да основаат pro-life здружение „Life Nation“, известува Catholic News Agency.

На неодамнешната средба на pro-life здруженијата во Рим, Дан и Јулија Калинеску проговорија за плодовите од својата работа посебно, истакнувајќи го овогодишниот, трет по ред и најброен Марш за животот во Клуј-Напока кој ги собра на едно место претставниците на Православната, Католичката и Евангелската Црква.

„Сите учествуваа и се виде дека кога Црквата е соединета прави чуда!“, истакна Дан.

Сепак, главната задача на овој брачен пар не е организација на средби, туку секојдневни средби и помош на оние на кои им е потребна.

„Имаме двостран пристап. Им помагаме на мајките во потреба и настојуваме да ја разбудиме свеста, но се обраќаме и на идните родители, на младите во кризните години. Јулија и јас им зборуваме на средношколците за крепоста чистота. Ги запознаваме со „теологијата на телото“ на сите што се подготвени да слушаат, било да се возрасни, млади, богослови…“, објасни Дан Калинеску.

Иако се свесни за задачите што се пред нив, сопружниците Калинеску се полни со оптимизам:

„Да се израсне во Канада беше благослов. Таму го запознавме pro-life активизмот, а сега мораме да го пренесеме. Веруваме дека сето она што сакаме да го поттикнеме во Романија навистина може да го промени општеството, а одлично е да се види како во делови на Европа работите се развиваат. Затоа сме полни со надеж за иднината!“

Битно нет/В.Н.

Категорија: Свет

За авторот