Братот во неволја е жива јасла

Братот во неволја е жива јасла

На крајот на молитвата Ангел Господов во недела 20 декември 2020 година на плоштадот Свети Петар, папата Фрањо ја спомна и отворената изложба „100 божиќни јасли“ сместена под колонадата на плоштадот Свети Петар.

„Постојат многу божиќни јасли кои претставуваат вистинска катехеза на верата на Божјиот народ“ – рече Светиот Отец повикувајќи ги верниците да ја посетат оваа изложба.

Папата Фрањо исто на крајот од својот пладневен говор истакна дека Божиќ сега ни е навистина близу и нека биде за секој можност за внатрешна обнова, молитва, преобраќање, за напредување во верата и меѓусебно братство. Папата повика да се свртиме околу себе и да ги видиме пред сѐ оние кои се во беда: братот кој страда, па каде и да се наоѓа, братот кој страда ни припаѓа на нас – рече Светиот Отец. „Божиќ е Исусовата близина во тој брат или сестра. Тука се јаслите, братот кој е во потреба, на кој треба да пристапиме со солидарност. Тие се живи јасли, во луѓето во потреба вистински ќе го сретнеме Откупителот. Затоа да појдеме кон Светата ноќ и да го чекаме исполнувањето на таинството на спасение“ – заврши папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот