Божјиот сон за семејството

Божјиот сон за семејството

Бог нѐ создал да бидеме сите среќни заедно: жената, мажот и децата. Тој сонувал, сакал и создал семејство како место на радост и среќа. Како така се случува, толку многу семејства да доживуваат страдања? Од каде доаѓа тоа? Дали е тоа наша грешка? Дали тоа страдање е без објаснување, без мотив? Дали љубовта на крајот е замка? Ја чува ли Бог можеби добрата вест, словото на поддршка и охрабрување за семејствата кои страдаат? Да, постои „Добра вест“ – Евангелието од Бог за сите семејства, а посебно за оние кои мора да живеат во сенката на крстот и кои гледаат со болен копнеж кон воскресението.

„Добра вест за сите семејства“

Честопати се слуша како Црквата постојано зборува за идеалниот пар, семејства без големи проблеми, место каде што небото е секогаш сино.

Но, да кажеме дека има многу семејства кои се далеку од тоа за да го постигнат овој идеал. Многу парови минуваат низ неволји и невреме. Што да кажеме на сите тие еднородителски семејства, на сите тие разведени, сите тие повторно оженети? Како да се обратиме на паровите погодени со стерилноста или на оние кои имаат дете со пречки во развојот, болно дете или дете кое што им починало?

А што да кажеме на оние кои не успеале и на кои неуспехот во идеалното семејство тешко ги ранува и кои се револтирани. Има ли Бог добро слово за таквите? А Црквата? Има ли таа слово на разбирање и љубов која останува во вистината? Љубовта може да се дарува само со вистина, како што и вистината може да биде навестена само од срцето кое љуби.

„Денот кога исчезнал идеалот“

Живееме во време во кое големи сенки надвиснале над бракот и семејството. Реалноста е честопати сурова, понекогаш и тажна. Не би требало многу за идеалот кој го замислил и создал Бог да биде избришан, да не биде навестен, туку само со устата шепнат. Кога ќе замолкнат пророците и кога ќе исчезне визијата народот запаѓа во големо мртвило. „ Чудете се и восхитувајте се: тие ги ослепија другите, и сами ослепеа; тие се пијани, но не од вино, – се занесуваат, но не од сикер“ (Исаија 29, 9). Тоа слепило, на многумина им е потешко од сите морални слабости. Нема поголема слабост од онаа во која е заборавен идеалот кој Бог го имал кога ги создавал мажот и жената. И нема потежок грев од оној против вистината, од оној кој прогласува дека злото е добро.

Мораме да продолжиме да зборуваме за зборот светлост во земјата во мрак, да го проповедаме идеалот. Повторно и повторно треба да се исчитува приказната за создавањето на мажот и жената. Така Бог од љубов го создал парот; ја довел жената кај мажот да се сакаат со иста љубов со која Тој ги создал. Дарувајќи се еден на друг, во телото ќе бидат плодни, а детето ќе биде плод на нивната духовна и телесна љубов. „ И виде Бог дека е многу добро“ (Битие 1, 31) известува Светото Писмо за создавањето. Тоа што Бог го прогласил добро засекогаш останува добро.

Задачата така и радост на Црквата е – сите луѓе – никогаш да не престанат да веруват во она семејство какво што Бог го гледа: единствено, цврсто, место на дарување на самиот себе и плодност, место на делење и простување, созревање во љубовта и постојаноста – додека смртта не нѐ раздели.

Ние честопати делумно го остваруваме тој идеал. Погледот на Црквата – како и на Бог – кон паровите останува оптимистичен. И покрај тоа што тој идеал никогаш не е остварен до совршеност.

Црв во коренот

Бог го сместил семејството како дрво покрај водата: тоа живее, расте, донесува плод. Создадено е вечно да остане зелено и да не познава, ниту есен, ниту зима. Од каде тогаш толку дрва кои не донесуваат плодови, на кои листот им пожолтел или кое потполно е соголено, причинувајќи се мртво како во зима? И тоа прашање се наоѓа во книгата на создавањето. Во коренот на дрвото копа мал црв, таинствен црв на злото.

Таинствен, да, затоа што е пример на зло и грев (непознат, двојно силен). Еден дел на гревот произлегува поради нашата слаба волја, но исто така Библијата ни говори за злото кое капка по капка го труе нашето срце противејќи се на Бог. Невозможно е до крај да се анализира оваа енигма на нашата слобода и заведувањето на искушувачот. Како и да е, гревот влезе во овој свет поради два факти: егоцентричноста (те земам за себе) и страдањето кое се заканува на заедничката љубов помеѓу сопружниците.

Оваа двојно силно страдање го пронаоѓаме насекаде. Тоа е присутно во парите и во семејството: неплодност, болест, смрт на еден од сопружниците, лесно ладење на топлината во домот, а за тоа да не се знае вистинскиот причинител. Но и други страдања кои произлегуваат директно поради човековата слабост или слаба волја: неверност, оштетување, конфликт, намерно разделување, физичко и морално ранување, доминирање над другите и понижување на другите, уцена, одбивање на зачнатото дете.

Природна крепост (доблест) и Божјата милост

Не треба затоа да заклучиме дека нема надеж за гревот или грешката, и дека страдањето е внатре во парите или семејството е без излез. Човекот не е оставен без можност да излезе од тоа: Едно суво лето не го затрупува изворот.

Срцето на мажите и жените е обдарено со големи природни можности: добротата на човечкото срце, солидарност, сила и трпеливост, толеранција и соживот, хумор и мудрост, истрајност, со еден збор – природна љубов!

Тоа човечко срце е создадено на слика и прилика Божја. Треба само да се дознае дали овие ресурси се доволни за да ги надминат нашите падови и маки. Парот и семејството можат да се подигнат со сопствените сили; а победата над сите тие страдања и простувањето на сите гревови го наоѓаат единствено преку Христос: Тоа е нашата вера. Тој ги понесе сите страдања и нашите гревови. Единствено е Тој Јагнето кое е прободено и останува исправен. (Откр. 5, 6)

Уште за приказната за паѓањето, во книгата на создавање Бог зборува за спасителот. Исто така навестува и страдање: „Со пот од лицето свое ќе јадеш леб…“ (Битие 3, 19) и „со болки ќе раѓаш деца“ (Битие 3, 16) исто така зборува и за слабоста „И ќе бидеш под власта на мажот свој, и тој ќе ти биде господар!” (Битие 3, 16) Бог ја навестува жената чие доаѓање ќе ја сотре главата на змијата. Нејзиното дете ќе донесе смрт над злото.

Исус се враќа на сонот (замислата) Божја за мажот и жената: нивната врска е света и неразрешива. Во меѓувреме правниците го прогласиле за „утопија“ единството и неразрешивоста на женидбата. И Мојсеј вели дека жената може да биде отпуштена.

Исус повторно се враќа на изворот: планот на Создателот за мажот и жената, за парот, не е чиста „утопија“. Со милоста на Светиот Дух планот е возможен. „Не сте ли читале дека Оној што ги создаде во почетокот, маж и жена ги создаде и рече: Затоа ќе остави човек татко и мајка и ќе се прилепи до жената своја и ќе бидат обата едно тело“ (Матеј 19, 4 – 5).

Идеалот значи постои, тој станува норма. Не може човековата љубов веднаш да стане толку силна. Врската која ги здружува мажите и жените не е резултат само на нивниот напор, само на нивната волја и заедничката сила: тоа е љубовта Исусова која ги поврзува едното со другото, христијанските сопружници и која донесува единство (кохезија) на целото семејство.

„И така, мажите се должни да ги сакаат жените свои како што ги сакаат своите тела; оти, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси. “ (Ефес. 5, 28)

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Семејство

За авторот