Божиќ во Нова Маала

На првиот ден од Божиќ Н.В.П. монс. д-р. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија служеше света архиерејска Литургија во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала. Во проповедта владиката ги охрабри верниците во нивната вера. При крајот на светата Литургија парохот се заблагодари на владиката за присуството и за топлите поздрави како и на о. Тони Ангелов за помошта при светата Исповед. Младите актери успеаа да го привлечат вниманието на присутните во црквата со пригодната приредба.

о.Спасо Ристов

Категорија: Македонија

За авторот