Божиќна работилница за деца во Скопје

Божиќна работилница за деца во Скопје

Во саботата, 03 декември 2016 година во салата на Пасторалниот центар во Скопје се одржа работилница за деца, на која тие имаа повеќе креативни активности поврзани со Божиќ и раѓањето на нашиот спасител Исус Христос.

На почетокот тие се запознаа свети Никола и празникот поврзан со него и додека активно учествуваа на работилницата на вратата одеднаш се појави “неочекуван гостин”, кој всушност беше еден верник облечен како свети Никола, со подароци за најмалите. Помалите добија честитка со светото семејство и боенка со ѕвездички, кои со секое направено добро дело треба да обојат една од нив. Поголемите пак добија мала кутија и за секое направено добро дело да стават нешто во неа.

Пред заминување им упати порака порака дека треба да прават добри дела и секогаш да си помагаат еден на друг

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот