Бог упорно го бараше моето срце

Бог упорно го бараше моето срце

Како келнер, кој 15 години живеел оддалечен од Црквата можеше да стане свештеник? Одговорот на Хуан де Кацарес звучи вака: „Бог упорно го бараше моето срце и во откривањето на неговиот повик“?

Овој Шпанец по завршувањето на средно училиште се запишува на правен факултет. Меѓутоа не со покажал како добар студент, па затоа во 2016 година одлучува да го остави факултетот и да отвори свој бар. На тој потег се одлучил токму во време кога во Шпанија владее економска криза, па така она што требало да биде успешен бизнис, станува промашен. Хуан тогаш полни триесет години и во длабочината на срцето чувствувал дека не може да најде исправен пат за својот живот, пренесува, Catholic News Agency.

Бев потполно изгубен, бев во големи долгови, а поради економската криза останав и без гости во барот. Моите пријатели, со кој излегував, се оженија, а јас останав потполно сам, вели Хуан. Еден ден сретнал пријател кој го повикал на света Литургија. Токму таа средба означува пресвртница во неговиот живот. Потоа со тој пријател често разговарал за Бог и молитвата, повторно започнува да оди редовно на света Литургија, после многу години се исповедува и повторно се враќа  на факултет.

По две години светотаински живот во себе започнува да чувствува свештенички повик. Првата рекација била: „Нема шанса“. Во мислите се обидувал да најде безброј оправдувања за својата реакција. „Размислував за работата, за долговите, за својот живот. Се залажував дека треба само да се средам, да си најдам жена и да основам семејство. Меѓутоа, Бог беше упорен. Не дозволи таа мисла за повикот да го напушти моето срце и ум“, признава Хуан.

Кога одлучи да одговори на повикот од Господ, го контактира тогашниот епископ во градот Сантандер, Вицент Хименез, кој му препорачува да влезе во семинарија во градот Памплона, кој се наоѓа околу 200 киломтери од неговиот роден град.

„Во барот работев до последен момент, односно до денот кога заминав за Памплона, каде поминав три фанстастични години“, се присетува Хуан. На почетокот од оваа година е ракоположен за свештеник, а моментално служи во четири парохии во родниот град Сантандер и истовремено три пати во седмицата одржува веронаука за деца.

Младиот свештеник верува дека искуството како келнер е своевидна подготовка за посветениот живот, бидејќи како келнер, како што вели: „на своите гости на некој начин им бил исповедник“. Хуан де Кацарес исто така служи како прмотор за повици во својата бискупија. „Многу луѓе денес имаат слични проблеми… Не знаат како да го следат Божјиот повик… Тука сум да ги слушам и да ги водам“, истакнува Хуан.

Битно нет/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот