Бог не нѐ спасува со декрет

Контемплација, близина, изобилство – на овие три збора папата Фрањо ја фокусира својата проповед на светата Литургија на 22 октомври во капелата на домот Света Марта. Папата истакна дека Бог не може да се сфати само со интелигенција, нагласувајќи дека Божји предизвик е да влезе во нашите животи, за да ги излечи нашите рани, како што тоа го прави Исус за врема на неговиот земскиот живот. „За да се влезе во таинството на Бог не е доволна само интелигенција, туку потребно е: контемплација, блискост и изобилство“, нагласи папата Фрањо.

„Кога Црквата сака да изрази нешто за таинството на Бог тогаш користи само еден збор: „прекрасно“. Тоа таинство е „прекрасно таинство“. Размислувајќи за таинството на нашето спасение, нашето откупување, за кое Павле говори, се сфаќа единствено на колена, во контемплација. Не само со интелигенција. Кога интелигенција треба да објасни некое таинството, секогаш, секогаш греши! Така е низ историјата на Црквата. Контемлација: интелигенција, срце, колена, молитва … сето ова е потребно за да се влезе во таинството. Значи контемплацијата е првиот вистински збор, кој би можел да ни помогне.“

„Друг збор или поим кој ќе ни помогне при влегувањето во таинството е близината. Еден човек згрешил, еден (друг) човек нѐ откупи. Тоа е близина на Бог! Тое е Бог кој е близок со нас и нашата историја. Од моментот кога го избра нашиот отец Авраам, оди со својот народ, а тоа се гледа и кај Исус, кој е (меѓу нас) и извршува столарски работи, работник – претприемач.

Тука ми доаѓа на ум сликата за болничар или болничарка кои лекуваат рана по рана и тоа со сопствените раце. Бог се вмешува и влегува во нашата беда, пристапува на нашите рани и со свои раце ги лекува – а за да има раце – стана човек. Тоа е личниот чин на Исус, рече Светиот Отец додавајќи: Еден човек направи грев; друг човек го поништи. Близина. Бог не нѐ спасува со некој налог, декрет или закон – нѐ спасува нежно, милувајќи нѐ; со својот сопствен живот (предавајќи го) за нас – рече Папата.

Третиот поим е изобилство. Таму каде што гревот е намножен, надмоќно изобилува милоста. Секој од нас ја познава сопствената беда; добро ја познава и знае колку е голема  -рече Папата – Божјиот „предизвик“ е да се надвладее; да ги излекува раните, како што тоа го прави Исус, па и повеќе; со дарот на својата љубов и милосот, да изобилува над нашите гревови, слабости, рани. Таква предаденост која Исус ја дава на грешниците станува сфатлива – рече папата Фрањо.

Во срцето на тие луѓе се намножил гревот, но Исус им пристапува во пресрет со преголемо изобилство на својата милост и љубов. Милоста Божја секогаш победува, бидејќи во неа е самиот Бог кој се дарува, приближува, кон нѐ милува и оздравува. И затоа – ова што ќе го кажам на некој можбеи нема да му се допадне – Но оние кои се најблиски до Неговото Срце се токму најголемите грешници, бидејќи тој ги бара и ги повикува. Дојдете, дојдете, а кога го прашуваат за објаснување, вели: Не е потребен лекар на здравите, дојдов да оздравувам и да спасувам, – објасни Светиот Отец и додаде:

Некои светци, рече Папата, велат дека еден од најголемите гревови е недовербата: претерана претпазливост кон Бог. Но, Папата прашува: како можеме да бидеме со толкава недоверба кон Бог кој е толку близу, кој е толку добар и го избира нашето грешно срце? „Тоа таинство не е лесно да се сфати, не се сфаќа едноставно, со интелигенција. Можеби ќе ни помогнат овие три збора: контемплација, близина и изобилство. Тоа е Бог кој секогаш победува со преобилните свои милости, својата нежност, богатството на своето милосрдие“, заврши Светиот Отец.

Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот