Бог го објавува на понизните таинството на спасението

Бог го објавува на понизните таинството на спасението

На простите, а не на разумните и мудрите Господ го објавува таинството на спасението – истакна Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 29 ноември 2016 година во домот Света Марта, говорејќи за добродетелта на малите, за стравот Господов објаснувајќи дека понизноста не е страв.

Исус му благодари на Отецот за што Лука говори во денешното Евангелие затоа што „Бог на простите им го објавува таинството на спасението, своето таинство. Папата користејќи го евангелскиот дел ја истакнува Божјата наклонетост кон оние кои знаат да ги сфатат таинствата. Не се тие „учените и мудрите“, туку „срцето на малите“ кое разбира. Исто така и првото читање полно со „мали поединости“ оди по тој пат. Имено пророкот Исаија говори за „фиданка“ која ќе потера од Јесеевата пенушка, а не за војска која ќе донесе ослободување. За Божиќ протагонистите исто така се понизни– рече Папата.

На Божиќ ќе ја видиме таа маленкост: дете, јасли, мајка, татко… сите мали работи. Големо срце, а понизно однесување. На таа фиданка ќе слегне Духот Господов, Духот Свети, а таа ќе ја има добродетелта на малите, страв Господов. Ќе оди во стравот Господов. Богобојазноста не е страв, туку живеење според заповедта која Бог ја дал на нашиот отец Авраам: Оди во моето присуство и биди непорочен. Стравот Господов е понизност – рече папата Фрањо додавајќи:

Само малите се способни во целост да ја сфатат смислата на понизноста, смислата на стравот Господов затоа што одат пред Господ; гледани и чувани, тие чувствуваат дека Господ им дава сила за напред.

Да се живее христијанската понизност значи да се чувствува страв Господов. Богобојазноста не е страв, туку признание: Ти си Бог, јас сум човек; во твоето присуство одам напред и настојувам да бидам непорочен. Понизноста е добродетел на малите – она вистинската, а не театарска – со која некои се гордеат. Тоа не е вистинска понизност. Понизен човек оди во Господовото присуство, не ги озборува другите, мисли само на службата, се чувсвтвува мал… Во тоа пак е силата – рече Папата.

Понизна е, многу понизна – рече Папата мислејќи на Божиќ – девојката на која Бог „погледна“ за да го „испрати својот Син“, а која веднаш потоа оди кај својата роднина Елисавета и не говори ништо за она што се случило. Понизноста е одење во Господовото присуство. Среќни и радосни затоа што Он нѐ води, понизните воскликнуваат од радост токму како што вели Исус во денешното Евангелие.

Гледајќи го Исуса како го фали Бог кое своето таинство го објавува на понизните можеме за сите нас да молиме за милост на понизност, богобојазноста; да одиме во неговото присуство и да настојуваме да бидеме непорочни. И така со таа понизност можеме да бидеме будни во молитвата, ефикасни во братската љубов и радосни во фалењето на Бог – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести, Проповеди

За авторот