Бог има причина кога не одговара на нашата молитва

Бог има причина кога не одговара на нашата молитва

Ако Бог не одговори на нашата молитва, можеме да бидеме сигурни дека има некоја голема, вечна причина за тоа

Низ многу страдања и солзи, открив нешто прекрасно за начинот на кој функционира Бог. Она што ќе го прочитате ќе ви помогне да ја вратите довербата во Господ и да ве ослободи од оковите на обидот да ја дешифрирате верата.

Дозволете ми да споделам со вас неколку многу исцелителни мисли за верата и љубовта. Верувам дека Бог прави чуда како одговор на молитвата со вера. И верувам во секое ветување во Словото Божјо. Но, низ многу страдања и солзи, открив нешто прекрасно за начинот на кој работи Бог.

Еве ги моите заклучоци:

Ако не можете да му дадете совршена вера на Бога, дајте му совршена љубов. „Совршената љубов го исклучува стравот.“ Совршената љубов е одмор, кој Бог го има за својот народ. Тој сака да почиваме во неговата љубов верувајќи дека тој секогаш ќе ни помогне како татко на повредено дете и покрај нашата несоодветна вера.

Престанете да ја проценувате или оценувате вашата вера. И престанете да се обидувате да го дознаете.  Библијата вели: „А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта“ (1 Коринтјаните 13,13).  Ако сакате да специјализирате за нешто, специјализирајте за љубовта – верата ја покажува својата моќ во љубовта.

„Ако Бог не одговори на нашата молитва, можеме да бидеме сигурни дека има некоја голема, вечна причина за тоа.“

Се сведува на ова: Бог ја има целата моќ и сé може да направи. Ништо не е невозможно за Него. Тој вети дека ќе одговори на секоја молитва во Христовото име; затоа, мора да бараме одговор со голема сигурност. Но, ако Бог го задржи одговорот или избере друг пат за нас, тој мора да има силна и добра причина за сето тоа.  Ние мора да веруваме дека што и да дозволи Бог во нашите животи, сето тоа еден ден ќе придонесе за наше добро (сп. Римјаните 8,28).

Нашиот небесен Отец точно знае каде одиме и што ни треба. Тој ќе ни го даде најдоброто, Светиот Дух во вистинско време (сп. Матеј 7,11).

Бог нема да дозволи да бидете совладани од вашите искушенија. Можеби ќе дојдете, како што мислите, до пресвртна точка, но ќе преживеете и ќе живеете за да сведочите за неговата верност, ако не стврднете своето срце, туку паднете во неговите раце верувајќи во неговата вечна љубов.

Автор: Дејвид Вилкерсон.  Извор: „Патот на животот”

Категорија: Вера, Духовност
Ознаки Бог, молитва

За авторот