Бог е Господар на времето

Човекот може да се смета за господар на моментот, но Христос е господар на времето – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 26 ноември во капелата на домот Света Марта. Папата истакна дека во молитвата е крепоста за расудување во одреден момент во живитот, додека надежта во Исус е крепоста за гледање кон свршетокот на времето.

Има два совети за разбирање на текот на сегашноста и за подготвување за свршетокот на времето: молитва и надеж. Молитвата заедно со расудувањето, помага да се направи разлика во поединечни животни моменти и да ги насочиш кон Бог. Надежта е далечинско светло кое го осветлува последното пристаниште, поединечен живот и во есхатолошка смисла, свршетокот на времето.

Коментирајќи го делот од Евангелието во кое Исус толкува што ќе се случи пред свршетокот на светот, Папата рече дека ниту најголемата трагедија не може во очај да ги фрли оние кои веруваат во Бог. На патеката која води кон свршеток на нашиот пат; страда секој човек поединечно и целото човештво, Господ нѐ советува за две различни работи, зависно од тоа како живееме, бидејќи е различно да живееш во моментот и да живееш во времето.

Христијаните се маж или жена кои знаат да живеат во моментот и во времето. Моментот е она што сега го имаме во рацете: но тоа не е време, бидејќи тоа е минливо. Можеби можеме да се чувствуваме господари на моментите, но е заблуда да се сметаме за господари на времето: времето не е наше, времето е Божјо. Моментот е во нашите раце; зависи од нашата слобода. Можеме да станеме господари на моментите, но има само еден Господар на времето, а тоа е Бог – Исус Христос – објасни папата Фрањо.

Цитирајќи ги Исусовите зборови Папата предупреди дека не треба да се наведуваме за моменталната примамливост, бидејќи ќе дојдат оние кои ќе настојуваат да ја искористат збунетоста за да се претстават како Исус. Христијанин, сегашен маж или жена, за живеење на моментот треба да ги имаат оние две доблести, две крепости: молитва и расудување – рече Светиот Отец.

А за да ги разликуваме вистинските знаци, да го спознаеме патот кој во овој момент ми е почеток, потребен е дар на расудување и молитва – за да биде расудувањето. Напротив, што се однесува до времето чиј единствен господар е Господ Исус Христос немаме ниедна човечка крепост. Треба да примиме крепост за да го разбереме времето, а тоа ни го дарува Господ: и тоа е надежта. Молитвата и расудувањето за сегашноста; надеж за времето – објасни Светиот Отец.

Завршувајќи ја проповедта, Папата рече дека христијанинот со молитва и расудување од момент во момент оди по животниот пат, а времето го препушта на надежта. Христијанинот во секој момент е способен да го очекува Господ, но на свршетокот на времето се надева на Него. Маж и жена сегашност и време; молитва, расудување и надеж. Господ нека ни подели милост за мудро живеење. Мудроста е Негов дар, а таа нѐ поттикнува на молитва и расудување. А во времето, кое е Божји гласник, живееме во надеж! – заврши папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот