Бог го посети Својот народ

Две поворки пред градот Наин, што на еврејски значи прекрасен, убав. Едната излегува од градот, која е тажна бидејќи силата на смрта од него изнесува човек, а втората собрана околу Исус, оди кон градот за да влезе во него. Поворките се сретнуваат. Не плачи говори Господ! За прв пат Лука така го нарекува Ису . Тоа значи дека Тој не е само еден од пророците кои зборува со Божјото Слово, туку дека е Бог, Господар на животот. Тој, Бог, е потресен, се натажува за мајката!

Се работи за длабоки чувства кои ја потресуваат внатрешноста на битието – целата уторба му се потресе! Интересно дека евангелистот грчкиот глагол  сплагхнизеин го употребува само за Бог и Исус – како да сака да каже дека никој друг не е како Него и не може толку длабоко да се потресе. Само Бог знае што е живот и никој како Тој не ја знае врската на љубовта и заедништвото меѓу луѓето кога ги разделува смртта. Затоа Исус и ќе заплаче за мртвиот пријател Лазар.

Се допира до носилото! Не само што е знак на близина, туку овој чин открива уште нешто. Еврејската традиција смета, бидејќи допирањето до мртовец значи нечистотија, а допирањето до облеката на свештеникот или олтарот не може да ја пренесе светоста, односно чистотата, дека нечистотијата е позаразна попродорна, односно посилна од чистината и светоста. Исусовата светост и чистина се посилни од смрта и нејзината нечистотија – Бог го посети својот народ!

Момче, тебе ти велам,  стани – благодарејќи само на Исусовите зборови, градот Наин – убавината – не останува само минато, туку станува твоја иднина!

Вера и дела, др. Ивица Чатиќ/го*ко

За авторот