Богојавление е двонасочно движење: Бог кон човекот и човекот кон Бог

Во пладневниот говор одржан на 6 јануари на плоштадот Свети Петар, на кој се собраа помеѓу 70 и 80 илјади луѓе, папата Фрањо повторно зборуваше за Богојавление, напоменувајќи дека тоа е празник кој ја истакнува општата отвореност за спасението кое го донесува Исус, кој покажува двојно движење – Бог кон светот и целиот човечки род кон Бог.

Христос кој се објавува на народите и спасението кое Он го донесува, а кое станува допирливо и кое е блиску на целото човештво, а според зборовите на Папата тоа е Богојавление, настан од Евангелието кој почесниот папа Бенедикт XVI јасно го опиша во својата книга за Исусовото детство. Празникот со тоа е обележан со двојно движење, усогласено со взаемно привлекување помеѓу човекот и Бог.

Навистина, овој празник ни покажува двојно движење: од една страна Божјото движење кон светот, кон човечкиот род – тука е целата историја на спасението која својот врв го има во Исус; а од друга страна пак движење на луѓето кон Бог – мислиме на религии, барање вистината, одењето на народите кон мирот, на внатрешен мир, праведност и слобода. Тоа двојно движење поттикнува на взаено привлекување – напомена Папата.

Приближувањето на Отецот кон нас – објасни Светиот Отец – е љубовта која Он ја има за секое свое дете и патем, кој сака да не ослободи од злото, од болести и од секаков облик на смрт. И од наша страна – продолжи Папата – постои љубов и желба за сѐ што е добро, за вистината, животот, убавината. Тоа всушност е взаемна љубов а Исус е врската – истакна Папата – но, секогаш Бог е тој кој нѐ повикува, Он на нас секогаш ни претходи. Кој дава поттик? – праша потоа Папата – Секогаш Бог! Божјата љубов секогаш доаѓа пред нашата! Он секогаш дава поттик. Он нас нѐ чека, Он нѐ повикува, но поттикот секогаш доаѓа од Него.

Светиот Отец потоа ги повика сите луѓе да тргнат на пат следејќи ја светлоста, всушност како што направиле мудреците. Целата Црква е во тоа Божјо движење кон светот; нејзината радост е Евангелието, одржување на Христовото светло. Црквата е народ кој го искуси тоа привлекување и го носи во себе, во срцето, во животот – нагалси Папата и додаде –  Искрено, би сакал да им кажам на оние кои се чувствуваат далеку од Бог и од Црквата и тоа со многу почит, на оние кои се срамежливи и рамнодушни: Господ те повикува и тебе, те повикува да бидеш дел од неговиот народ, и тоа го прави со голема почит и љубов! Господ те повикува. Господ те бара. Господ те чека. Господ не спроведува прозелитизам, Он дава љубов, и таа љубов те бара, чека; тебе кој во овој момент не веруваш или си далеку. Тоа е Божјата љубов – истакна Светиот Отец.

Затоа молитвата на папата Фрањо е за целата Црква повторно да ја открие радоста на евангелизација и на сите народи да ја пренесе Божјата љубов. А потоа повикот на Марија, на сите да ни помогне да бидеме ученици мисионери, мали ѕвезди кои го одржуваат Неговото светло. На крајот од говорот, Светиот Отец ги поздрави сите присутни и на браќата и сестрите од Источните Цркви им го честита Божиќ кој ќе се слави утре. Мирот кој Бог го дарува на човештвото со Исусовото раѓање, овоплотеното Слово, во сите нека ја зацврсти верата, надежта и љубовта, и да ги утеши христијанските заедници, Црквите кои се во искушение – рече Светиот Отец.

Спомнувајќи го на крајот денешниот Детски мисиски ден кој се обележува на поттик на Папското дело Свето Детство, Папата заблагодари на децата кои соработуваа во посланието на Црквата и кои се истакнуваат со дела на солидарност и братство кон своите врсници.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот