Богородица се објавува на сестра Луција во Понтеведра и Туј

Богородица се објавува на сестра Луција во Понтеведра и Туј

Овие објави се дополнување на оние во Фатима, а воедно исполнување на ветувањата кои Пресвета Богорица ги дала на децата на 13 јули 1917 година.

Откако им го покажала пеколот и зборувала за друга уште пострашна војна, им рекла: „За ова да го спречам, ќе дојдам и ќе побарам посвета на Русија на моето Пречисто Срце, и како надомест, света Причест во пет први саботи во месецот.

Понтеведра

Десетти декември 1925 година, Пресвета Богородица се објавува на сестра Луција. Со Неа стои драгиот Исус. Додека едната рака ја положила на рамото на Луција, во другата го држи Срцето опкружено со трње. Исус ѝ рече:

„Погледни го срцето на твојата Пресвета Мајка. Тоа е опкружено со трње, кои неблагодарните луѓе постојано ги забодуваат, а нема никој кои би ги искоренил принесувајќи го своето страдање како надомест.“

Потоа Пресвета Богородица додава: „Гледај ќерко моја, ова мое Срце обвиткано со трње, кое неблагодарните луѓе постојано ги забодуваат со своите псовки и со својата неблагодарност. Настојувај барем ти да ме утешиш, и кажи им на оние кои секоја сабота во текот на пет месеци ќе се исповедат и причестат, измолат Bројаница и размислуваат петнаесет минути за светото таинство во мое друштво, дека им го ветувам своето присуство во часот на смртта и сите милости потребни за спасение.“

Петнаесетти февруари 1926 година се објавува на сестра Луција – додека работела во манастирската градина – драгиот Исус ја прашува: „Што направи за проширување на побожноста на Пречистото Срце на мојата Мајка?“

Сестра Луција ги изнесува потешкотиите со кои се среќава и Го прашува за поединости за светата Исповед со побожноста пет први саботи.

Исус ѝ одговра: „Навистина твојата настојателка не може да направи ништо сама, но со мојата милост може да направи сѐ.“

Што се однесува за светата Исповед, може да се изврши и неколку дена порано.

„Важно е – рече Исус – да ме примат во своето срце во состојба на милост и со накана за надомест за Пречистото Срце Богородично.

Фатимска порака Луција говори/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот