Блиски Исток: Светиот Престол ја гарантира својата поддршка на преговорите

Блиски Исток: Светиот Престол ја гарантира својата поддршка на преговорите

Светиот Престол ја гарантира на меѓународната заедница својата поддршка во иницијативите насочени за напредокот на решенијата постигнати со преговори и во нејзиното завземање за мир.

Светиот Престол ја охрабрува меѓународната заедница да одржи жив пламен на дијалог на Блискиот Исток – истакна монсињор Фредерик Хансен, вршител на должноста во Канцеларијата Постојан набљудувач на Светиот Престол при Организацијата на обединетите нации, говорејќи на отворената расправа на Советот за сигурност на Обединетите нации, која заврши на 22 јануари во Њу Јорк. Освен тоа, Светиот Престол ја гарантира на меѓународната заедница својата поддршка во иницијативите насочени за напредокот на решенијата постигнати со преговори и во нејзиното завземање за мир.

Дијалог и холистички пристап кон кризата на Блискиот Исток

Нишка водилка на неговите зборови беше неодамнешниот говор на папата Фрањо насочен кон Дипломатскиот кор акредитиран при Светиот Престол, во кој Папата повторно изрази загриженост за тоа подрачје од светот, од каде што од почетокот на годината пристигнуваат и понатаму загрижувачки вести. Посeбно мисли на зголемување на напнатоста помеѓу Иран и Соединетите Американски Држави како и на кризата во Ирак и Либан, со ризик да се постават темели за поширок конфликт кој – како што кажа – би сакале сите да го избегнеме. Поради тоа многу е важно – напомена моснињор Хансен – со тие предизвици да се соочиме холистички, како и тоа меѓународната заедница да се завзема за отворен и конструктивен дијалог, втемелен на начелата на кои пред 75 години е изградена Организацијата на обединетиѕр нации.

Да се одржи „статус кво“ на светите места

Светиот Престол и Папата и понатаму посветуваат посебно внимание на светиот град Ерусалим, неговиот повик за град на мирот – напомена монсињор Хансен и поради тоа го истакна апелот, кој повеќе пати го упатија и Обединетите нации, да се одржи „статус кво“ на светите места во Еруаслим, кои им се драги на Евреите, христијаните и муслиманите, и важни за културното наследство на целото човечко семејство. Папата во споменатиот говор до Дипломатскиот кор силно истакна дека итно е потребно целата меѓународна заедница да ја потврди својата обврска за поддршка на мировниот израелско-палестински процес. Додека главниот секретар во извештајот за декември напомена дека жална е алтернативата таа состојба да продолжи постојано да станува полоша, намалувајќи ја можноста за решение со двете држави, втемелена на линијата од 1967 година.

Целосно тоа подрачје би можело да го примени она што папа Фрањо неодамна го кажа за односот на Израел и на Палестина. Како и во целиот свет, во очи на 75 годишнината на Организацијата на обединетите нации, во кој – како што напомена Папата – многу луѓе во неволја очекуваат мир, сигурност и благосостојба.

Сирија и Јемен

Папата своите мисли ги насочи и на Сирија. Вреди да се издвои превезот на тишината кој би можел да падне на војната која во последните десет години ја уништи таа земја – истакна Папата поттикнувајќи да се пронајде соодветно решение за да на – како што кажа – љубениот сириски народ  му се овозможи да пронајде мир и да започне обнова на земјата. Меѓутоа, папа Фрањо го загрижува и рамнодушноста кон конфликтот во Јемен, кој трпи поради најтешката хуманитарна криза на новата историја – истакна мсгр. Хансен.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот