Блажен Џузепе „дон Пино“ Пуглиси жртва на мафијата

Блажен Џузепе „дон Пино“ Пуглиси жртва на мафијата

Џузепе Пуглиси е роден на 15 септември 1937 година во градот Палермо на Сицилија. Бил дијацезантски свештеник познат по своето залагање против организираниот криминал заради што е убиен на 15 септември 1993 година.

Џузепе Пуглиси е роден на 15 септември 1937 година во градот Палермо на Сицилија, во Италија, во сиромашното предградие Бранкачо. За свештеник е ракоположен во 1960 година. Дон Џузепе познат како патер Пино Пуглиси бил дијацезантски свештеник познат по своето залагање против организираниот криминал, а посебно се ангажирал за воспитувањето на децата и младите од улица за кои основал „Центар Оче наш“. Мафијашки платеници го убиваат на 15 септември 1993 година, на неговиот 56 роденден пред неговиот стан.

Декрет за беатификацијата на Пуглиси објавува на 28 јуни 2012 година папата Бенедикт XVI, а за блажен е прогласен на 25 мај 2013 година. Во таа пригода обредите ги предводеше надбискупот на Палермо кардиналот Паоло Ромео кој истакнал: „Во неговиот живот завршен со мачеништво in odium fidei – од омраза кон верата, Црквата препознава пример кој треба да се наследува.

Тие кои го познавале дон Пино ќе кажат дека не бил антимафијашки свештеник, туку бил свештеник кој го овоплотил Евангелието против силата на злото кое може да биде мафија или пак било кој друг облик на зло во историјата на светот. Поттикнувал на културата на заедничкото ангажирање, во барањето на општото добро, и тоа во светлината на евангелските вредности.

Недјелја/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот