Блажена Девица Марија од Светата Бројаница

Празникот на света Богородица од Светата Бројаница во Црквата е воведен како благодарност за големата победа на христијанска флота над труската во прочуената битка кај Лепант на 7 октомври 1571 година. Победата се препишува на молењето на Бројаницата на која го повикал целото христијанство тогашниот Папа свети. Пио V. Овој празник Црквата го слави на 7 октомври.

Исусовецот Карл Јозеф Хлинкамер на основа на испитувањето на пишани солидни студии за бројаницата напишал за нејзиното настанување и нејзините трајни вредности. Според испитувањето на отец Хинкамер а кое го прифаќа и теологот Лео Шевчук, за оформувањето на Светата Бројаница одлучувачки глас имал картузијаанскиот приор Адолф од Есен. Тој иако најмлад од сите, во 1409 година едногласно е избран за приор на својот манастри. Тој избор го потврдил генералниот приор на Катрурзијанците Стефан Мацони.

Во тоа време еден октомвриски ден на вратата од картузијанскиот манастир света Албан во Трир почукал некој залутен студент, телесно целиот исцрпен. Тој бил Доминик од Прусија (1384-1406). Тој уште пред две години го направил истото на вратата на картузијанците во Прага молејки да га примат во манстирот но бил одбиен. Приорот на манастирот од Трир Адолф фон Есен го примил Доминик. Му рекол дека за него ќе ја заложи својата душа само ако издржи и се држи на она што од него го бара монашкиот  живот. Со овие зоброви во срцето му влејало голема храброст.

Малку покасно Приорот на младиот свештеник почнал да му зборува за молитвата која се вика Бројаница. Таа  звучи како некоја љубовна песна. Потоа му рекол, нема таков расипан човек кој не би почувствувал видно подобрување ако една година ја моли Бројаницата. Доминик се трудел да моли, но поради слабост не можел да се концентрира.

За време на Божиќниот пост, 1409. година му дошло на памет Исусовиот живот да го подели во 50 реченици, на 50 Радувај се Маријо. Сите тие реченици ги напишал на хартија. Додека молел гледал во тие реченици и одеднаш станал среќен, бидејќи можел да размислува. Својата метода је пренесол и на другите. И приорот Адолф дознал за тоа и заклучил дека таков облик на молитва може да биде соодветен за оние кои не се склони за размислување.

На изненадување на Доминик приорот од него побарал хартија со реченици од Исусовиот живот. Со слични молби доаѓале луѓе од сите страни. Доминик во почетокот не сакал да им дава, но неговиот приор му заповедал со силата на послушност да им помогне на луѓето за овој начин на молење Бројница. Тој послушал и после 50 години се потврдило дека од манастирот свети Албан во светот се испратени преку илјда преписи за молење на Света Бројаница.

Поради фактот што на Картузијанците им пристигнувале сѐ повеќе молби, Доминик одлучил Исусовиот живот  да га прошири на 150 Радувај се Маријо. Во така проширен облик, Бројаница је запознал доминаканецот Аланус де Рупе и тој многу ја ширел како „часослов на Марија„ преко своите братства и молитвени заедници. Текстот на таа Бројаница првпат е печатен 1481. година во Улма

Превод: сестри Евхаристинки – Гевгелија

Категорија: духовнитекстови

За авторот