Благодарствен Молебен до Пресвета Богородица во Петралинци

На 31 декември 2014 година, верниците од парохијата Свети Кирил и Методиј Петралинци, со молебен до Пресвета Богородица Му заблагодарија на Бог за секое добро кое им го даде во годината која измина. На почетокот на молебенот присутните ги поздрави парохот отец Ѓорѓи Појразов и ги повика да ја воздигнат својата благодарност до Бог за сите добиени милости во минатата година, како и на посебен начин да молат за своите семејствата во годината која следува, посветена на семејството. По завршувањето на Молебенот беше измолена Молитвата за Нова година.

Меѓу присутните беше и ангел „испратен од Бог“ кој донесе порака за секој верник. Пораката беше прицврстена за свеќа, која секој верник ја запали, за да се сети дека треба да биде светлина во светот. Свеќите украсени со ангелче ги изработија младите од парохијата.

На крајот, средбата заврши со новогодишна томбола.

к.мк/Данче Ичева

Категорија: Македонија

За авторот