Благодарствени Литургии за семејствата во Нова Маала

Благодарствени Литургии за семејствата во Нова Маала

Од 10-15 декември 2018 година во парохиската Црква „Успение на Пресвета Бгородица“ во Нова Маала сите семејства од парохијата имаа можност преку „Благодарствените семејни Литургии“ да му благодарат на Бога за сите благодати кои ги примиле преку целата година.

Верниците од парохијата, освен што се молеа за благодарност, воедно се подготвуваа за претстојниот празник Рождество Христово, на кои Литургии, парохот, во пригодните проповеди одржа серија на наговори каде ја истакна состојбата на народите заради чија развратност се исполнило времето конечно да се роди ветениот Син Божји, како и визијата и пророштвата на старозаветните пророци кои јасно му укажуваа на избраниот народ каков ќе биде Божјиот Син кого го исчекуваме.

Овој циклус на Благодарствени семејни свети Литургии се оддржува по петти пат, почнувајќи од „Годината на семејството“ во 2014 година.

к.мк/З.А

Категорија: Вести, Македонија

За авторот