Благодарност на Папата за дарежливоста на верниците од Сеулската надбискупија

Благодарност на Папата за дарежливоста на верниците од Сеулската надбискупија

Папата Фрањо упати порака со благодарност до надбискупијата во Сеул за дарежливиот придонес на јужнокорејските верници во „Кампањата за споделување вакцини“ со кое го помага настојувањето на Ватикан за дистрибуција на вакцини за Ковид-19 во сиромашните земји.

Во писмото до локалниот надбискуп Петар Чунг Сун-Таек, папата Фрањо им се заблагодари на верниците од надбискупијата во Сеул за испраќањето на средствата собрани како помош, со која ќе им се помогне на оние кои се погодени од пандемијата.

Во пораката напишана непосредно пред Божиќ, Папата истакнува дека многу го цени овој великодушен гест во деновите додека се подготвуваме да ја прославиме тајната на раѓањето на Исус Христос, нашиот Господ и нашата надеж. Папата ја вети својата духовна близина со целата бискупска заедница во Сеул.

Папата истакнува дека благодарение на оваа помош, луѓето на кои им е потребна помош ширум светот ќе добијат помош координирана од Апостолската милостилница.

Во соопштението за печат, надбискупијата во Сеул соопшти дека испратила околу 1,4 милиони американски долари во Ватикан, сега веќе по трет пат, по собирањето средства за поддршка на Ватикан во обидот да се обезбеди праведен, навремен и универзален пристап до вакцините против Ковид-19.

Иницијативата за собирање средства првично беше иницирана од надбискупот на Сеул во мирување, кардиналот Андрија Јеом.

Портпаролот на надбискупијата отец Матија Јанг-јуп Хур во изјавата рече дека Светиот Отец во писмото изразил благодарност за секој придонес во кампањата и истакна дека е посебно благодарен за жртвата и љубовта што Црквата во Кореја ги дава на сиромашните и оние во потреба.

Надбискупијата во Сеул планира да продолжи да дава поддршка на оние на кои им е потребна таква помош ширум светот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот