Благодарници за членовите од Католичката Црква

Во среда 28 септември 2016 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија во просториите на бискупската резиденција во Скопје додели благодарници и медалјони за учество и придонес во подготовката и организацијата на Татковинската прослава „Денови на света Мајка Тереза“ под покровителство на претседателот на Република Македонија Н.Е. д-р Ѓорге Иванов. На доделувањето присуствуваа скоро сите свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија и дипломираните богослови.

Епископот Стојанов благодарници и медалјони додели на деканите о. д-р Зоран И. Стојанов и о. Давор Топиќ, придружници на Папскиот делегат кардинал Пуљиќ. Благодарници примија: о. Марјан Ристов, Интернет страната Католици.мк, о. Гоце Костов, о. Димитар Ташев, Спасе Спасов.

Категорија: Македонија

За авторот