Бискупот Стојанов го прими новиот италијански амбасадор во Република Македонија

Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов се сретна со новиот италијански амбасадор во Република Македонија, г. Карло Ромео, по повод преземањето на новата служба. Средбата се одржа во Бискупската резиденција во Скопје на 30 август 2016 година.

Бискупот Стојанов му изрази добредојде на новиот амбасадор и на самиот почеток заедно со него се помоли за сите жртви на неодамнешниот земјотрес во централна Италија. Потоа кратко се осврна на историјата на Католичката Црква во Македонија и на досегашните добри односи со Италијанската амбасада во Скопје. На г. Ромео му посака благослов во новата служба, на што новиот амбасадор му заблагодари и искажа отвореност и желба добрите односи со Католичката Црква да се остваруваат и понатаму.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот