Бискупот Филипе Жордан: Посетата на Папата ја доверуваме на Богордица

Бискупот Филипе Жордан: Посетата на Папата ја доверуваме на Богордица

Имајќи го во превид престојното Апостолското патување на папата Фрањо во Литванија, Летонија и Естонија од 22 до 25 септември 2018 година, бискупот Филипе Жордан, Апостолски управител во Естонија упати порака до католиците од таа балтичка земја како би се заблагодарил на оние кои работат за успешна посета, но и побара да се молат оваа посета на папата Фрањо да донесе многу плодови.

Секој голем настан се состои од илјадници детали и во реалноста, секој мал детал значи многу. Да го направиме тоа со љубов – пишува бискупот Жордан и додава: Ако има малку љубов и најголемата задача станува без значење, меѓутоа ако има многу љубов, и најмалата работа станува важна.

Апостолскиот управител на Естонија ја нагласи важноста од материјалната подготовка, но уште повеќе ја потенцира духовната подготовка. Во текот на историјата христијаните се подготвувале за големи настани молејќи и постејќи. Посетата на Папата сигурно дека е голем настан за Католичката црква во Естонија и посебно за секој католик. Драги браќа и сестри, сега кога се приближува посетата би сакал да ве замолам сите вие многу добро да се подготвите – порача бискупот Жордан.

Во август, кој е одбележан со славења кои се посветени на Блажена Дева Марија, бискупот Жордан посебно побара од католиците да молат Бројаница токму за успех на ова Апостолско патување на Светиот Отец и да постат барем еден ден за таа накана. Тој предложи тој ден да биде сабота 1 септември.

На крајот од пораката бискупот Жордан ги поттикна верниците што е можно поскоро да се пријават преку интернета страницата која е отворена за таа накана и на која се наоѓаат сите информации поврзани со посетата на Папата, за учеството на светата Литургија со папата Фрањо на плоштадот Слобода или за средбата на Папата со младите во црквата Свети Карло во Талин.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот