Бискупот Стојанов ќе ја благослови Македонија со моштите на свети Кирил

Бискупот Стојанов ќе ја благослови Македонија со моштите на свети Кирил

Во недела 24 мај 2020 година во 10.45 минути, на празникот на Светите браќа Кирил и Методиј во пред Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. д-р Киро Стојанов ќе ја благослови Македонија со моштите на свети Кирил Солунски.

Претходно бискупот Стојанов без присуство на народ ќе ја предводи Литургијата од Скопската катедрала, која започнува во 10.00 часот.

Ве повикуваме во тој момент да бидете со нас и да го примите благословот преку Facebook профилот на Радио Марија Македонија и Католичка катедрала Скопје

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот