Бискупот Стојанов се сретна со украинската амбасадорка Н.Е. Лариса Дир

Бискупот Стојанов се сретна со украинската амбасадорка Н.Е. Лариса Дир

Во петок 31 март 2023 година во Резиденцијата на Водно бискупот Стојанов, придружуван од о. д-р Зоран И. Стојанов, директор на Македонски Каритас се сретна со амбасадорката на Украина во Македонија, Н.Е. Лариса Дир, придружувана од г. Влодомир Вербитскиј, советник во украинската абмасадата.

На средбата стана збор за теми од заеднички интерес и можностите за унапредување на понатамошна соработка.

Во таа прилика бискупот Стојанов истакна дека оваа средба се остварува токму на денот кога во сите католички храмови во Македонија духовенството и сиот Божји народ во Македонија и луѓе со добра волја молат за мир во Украина.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот