Бискупот Стојанов ја прими државната секретарка за европски работи Метелко – Згомбиќ

Бискупот Стојанов ја прими државната секретарка за европски работи Метелко – Згомбиќ

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх Киро Стојанов на 11 март во бискупската резиденција во Скопје ја прими државната секретарка за европски работи на Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска Андреја Метелко – Згомбиќ во придружба на хрватската амбасадорка во Република Македонија Нивес Тигањ.

Бискупот Стојанов се заблагодари на државната секретарка Метелко – Згомбиќ на посетата и ја запозна со кратка историја и делување на Католичката црква во Македонија која е организирана во две бискупии, Скопската и Струмичко-скопската за верниците од источен обред. Ја истакна и големата поврзаност на Црквата во Македонија со Хрватската црква, како и традицијата на делување на хрватските мисионери и рече дека поголемиот дел на верниците во Скопската бискупија се од хрватска народност. Изразувајќи радост поради добрата соработка со Хрватската амбасада и државната канцеларија за Хрвати надвор од Република Хрватска, ја запозна државната секретарка Метелко – Згомбиќ за заедничките активности за доброто и зачувувањето на хрватската заедница и нејзиниот идентитет.

Соговорниците се осврнаа и на некои од актуелните теми поврзани со иднината на Европа во врска со демографијата, семејството и миграцијата како и важното случување, претседавањето на Република Хрватска со советот на Европската унија, како и подршката на Република Македонија на нејзиниот пат кон пристапните преговори.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот