Бискупот Стојанов служеше света Миса со посвета на елеј

Бискупот Стојанов служеше света Миса со посвета на елеј

На 12 април 2017 во катедралата Пресвето Срце Исусов во Скопје, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов ја предводеше светата Миса за посвета на светиот елеј. Во сослужение со бискупот Стојанов беа свештениците од Скопска бискупија. За време на светата Миса во која се очитува заедништвото помеѓу свештениците и бискупот, свешетниците ги обновија заветите преку дијалог со бискупот.

Исто така Бискупот благослови елеј за елеопомазание на болните и елеј за миропомазание кое се користи при делење на светите Тајни на крштение, миропомазание, ракополагање и при посвета на олтари. Во пригодната проповед бискупот упати на свештениците зборови на охрабрување и го повика народот да се моли за свештениците и бискупот. Заедништвото се продолжи во Бискупската резиденција.

к.мк/д.Д.Т.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот