Бискупот Стојанов се сретна со заменик претседателот на Владата Бујар Осамани

Бискупот Стојанов се сретна со заменик претседателот на Владата Бујар Осамани

На 25 март 2019 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх оствари средба со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашња, Бујар Осамани.

„Вистинска чест е што папата Фрањо ќе ја посети Северна Македонија, како симбол на нашата општествена и цивилизациска ориентација кон Европа и западните вредности. Особено задоволство е што Папата ќе го посети Скопје, родниот град на Мајка Тереза, како признание за нашиот придонес во светската хуманоста, солидарноста и добрината“ истакна Османи на средбата, посочувајќи на традиционално добрите релации меѓу различните религиски заедници во Република Македонија, вклучувајќи ја тука и католичката религиска заедница.

На средбата беа разменети информации за начинот на кој ќе се организира средбата, при што Вицепремиерот Османи изрази уверување дека Владата ќе обезбеди соодветен третман и сета логистичка поддршка за успешно организирање на посетата. „Оваа посета, покрај значењето за претставниците на католичката заедница, е од особено значење и за целата држава и Владата со своите активности ќе одговори соодветно на нивото потребно за организирање на оваа посета“ истакна Османи

На средбата беа отворени и прашањата за соработката на религиските заедници во Република Северна Македонија и претставниците на државата, како и односите меѓу самите религиски заедници и нивната меѓусебна соработка, при што соговорниците упатија на дијалог меѓу заедниците и државата со цел изградба на функционално мултиконфесионално општество.

 Фото: СЕП

Категорија: Вести, Македонија

За авторот